Search

ЦДУ и Зелените разговараа за можна коалиција два и пол часа

Германските партии ЦДУ и Зелените денеска во Берлин разговараа два и пол часа за можноста за формирање коалициска влада.

„На изборите бевме втори, но имаме ситуација во која сега треба да се формира нова влада, а постојат повеќе можности, како и коалицијата „Јамајка”, објасни по разговорите лидерот на ЦДУ, Армин Лашет.
Тој додаде дека денеска се разговарало за тоа дали е тоа можно.
– Имавме добар разговор и успеавме да продлабочиме многу теми од 2017 година, додаде Лашет.
Тој изрази уверување дека коалицијата „Јамајка” ќе има широка поддршка од германското општество, бидејќи се верува дека таквиот сојуз може да постигне напредок во земјата.
Сепак, тој додаде дека останува на Зелените да одлучат и дека ЦДУ е подготвена да соработува.
Како лидер на Зелените, Роберт Хабек најави дека партијата, по билатералните разговори со сите партии, сега интерно ќе ги разгледа натамошните активности.
На парламентарните избори во Германија, одржани на 26 септември, СПД освои тесна победа, додека ЦДУ беше втора, но ФДП и Зелените, како трета и четврта партија, се одлучувачки за формирање на идната влада.
Можна е „Јамајка” коалиција која би ја сочинувале ЦДУ, Зелените и ФДП, како и коалиција „Семафор”, која може да ја формираат СПД, Зелените и ФДП.
Треба да знаете
Последни објави