Search

Царовска учествуваше на состанок на мрежа за социјална Европа на ПЕС за инвестирање во младите и нивната иднина

Потпретседателката на СДСМ и носителка на листа на пратеници во ИЕ 1 денес присуствуваше на ЗУМ состанок на мрежа за социјална Европа на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). На состанокот се зборуваше за поголема вработливост на младите во Европа и имплементирањето на политиките за подобрување на животниот стандард на младите.
Северна Македонија изминатите три години следејќи ги социјал демократските агенди на ПЕС силно инвестира во мерки и програми коишто ќе ги подобрат условите за живот на младите во државата. Мерките како што се Малдинска гаранција, младински додаток, програмите од оперативниот план кои досега беа креирани и имплементирани навистина даваат резултат. Показател за тоа е намалувањето на стапката на невработеност кај младите лица којашто изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите лица.
Северна Македонија е единствена земја којашто не членка на ЕУ, а го спроведува Гаранцијата за млади којашто дава одлични резултати. Само во текот на 2019 година 20.302 лица учествувале во Младинска гаранција, а 6.034 лица се вработиле. Во првите шест месеци од годинава од вкупно 8.549 кои влегле во  Гаранција за млади, 2.533 млади лица директно се вработиле или се вклучиле во некоја од активните мерки за вработување од ОП 2020 година.
Потпретседателката на СДСМ рече дека изминатиот период се работеше и на развој на Дуално образование во Северна Македонија и дека со воведувањето на дуално образование во 10 компании во 5 града низ државата се прават напори за продуцирање на квалитетни и добро обучени кадри, особено од техничките струки, за задоволување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот.
На овој начин обезбедуваме сигурни вработувања, а работната сила којашто им е потребна на компаниите. Тоа е во интерес на сите.
Треба да знаете
Последни објави