Search

Царовска: Со отворањето на градинките и од 1 октомври училиштата, можно е да се смени епидемиолошката слика

Министерката за образование и наука Мила Царовска вечерва во емисијата „Вин Вин” на телевизија Телма, истакна дека очекува епидемиолошката слика да се измени со отворањето на градинките, враќањето на родителите на работа и почетокот на учебната година на 1 октомври и не ја исклучи можноста во ноември да се сменат дел од одлуките. Царовска потенцира дека Владата будно ја следи состојбата со коронавирусот.

-На секои две недели се преиспитуваат и се носат одлуки. Нашата држава покажа дека знае да се справи со ситуацијата. И верувам на Комисијата за заразни болести. Нашиот здравствен систем не беше оптоварен. Тоа ми дава за право да верувам дека Комисијата носи добри одлуки, вели Царовска.

Таа посочи дека во државите, во кои биле отворени училиштата за сите деца, биле брзо затворени поради влошување на епидемиолошката слика и задоволна е што тоа сценарио е избегнато кај нас со постепеното отворање на предучилишните и училишните установи и примената на комбиниран модел- физичко присуство и онлајн настава.

Треба да знаете
Последни објави