Search

Царовска: Со години ЛГБТИ заедницата во земјава беше невидлива, веќе нема да биде така

На првата парада на гордоста во нашата земја која денеска се одржа во Скопје свое обраќање имаше и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која посочи дека настанот е голем чекор напред во борбата за еднаквост и повеќе права на ЛГБТИ заедницата во државата.

„Сите ние денеска покажавме дека сме видливи и дека во нашата држава можеме сите оние коишто со години беа невидливи, сите оние кои со години беа дискриминирани, сите оние коишто со години беа малтретирани, да денеска заеднички ги поддржиме и да си ветиме пред себе и пред сите наши сограѓани дека никогаш нема да се повтори насилство во нашата држава. Ние како Влада навистина покажавме и декларативно, а и во пракса дека ги сменивме законите, дека направивме ратификација на Истанбулската конвенција, дека поддржавме услуги за заштита и сето тоа за само две години. Знаете зошто? Затоа што веруваме во општество коешто е еднакво, општетво кое дава шанса за секој еден“, истакна Царовска пред учесниците на парадата.

Таа потсети дека ЛГБТИ популацијата за првпат стои во визијата и мисијата на новата Стратегија за еднкавост и недскриминација 2016-2020. Исто така, законите кои се дел од новата социјална реформа за првпат ги вклучуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет и нудат механизми за заштита од дискриминација.

На денешната прва парада на гордоста во Скопје присуствуваа и министерката за одбрана и потрпретседателка на Владата, Радмила Шекеринска, министерката без ресор, Зорица Апостолска, пратенички од неколку политички партии, преставници од државни институции и невладините организации, како и преставници од амбасадите на повеќе држави во земјава.

Треба да знаете
Последни објави