Search

Царовска: Пандемијата е можност со брз чекор да го осовремениме образованието

Пандемијата на Ковид-19, освен што предизвика проблеми го забрза осовременувањето на процесите во образованието, вели министерката за образование и наука Мила Царовска, во интервју за МЕТА.

– Ова е одлична шанса да согледаме зошто ни треба цврст образовен систем кој е во добра кондиција. Сигурна сум дека ќе ги исправиме грешките. Затоа што следниот пат кога ќе речеме дека треба да имаме дигитални алатки и во училница и треба да имаме пристап до Интернет во секоја училница, независно дали во рурална средина или не, и дека секој наставник треба да знае да ги употребува истите, никој нема да ве праша, но зошто тие тоа да го употребуваат, децата се сепак во училница. Тогаш сите ќе бидат свесни дека можеби ваква ситуација ќе дојде и следен пат и ние треба да сме подготвени. Така што ова дефинитивно ќе даде едно друго ниво на интензитет во осовременувањето на образовниот систем, појаснува Царовска.

Таа истакнува дека училиштата забрзано се подготвуваат за старт на учебната 2020/2021 година на 1 октомври, со комбиниран модел на настава.

За таа цел, подвлекува Царовска, Министерството за образование и наука е во постојана координација со директорите на основните и средните училишта и со градоначалниците, бидејќи со заедничка посветена работа ќе може да се реализира успешна учебна година.

Треба да знаете
Последни објави