Search

Царовска: Општина Сопиште ја доби првата градинка, продолжуваме да инвестираме во раниот детски развој

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ја посети градинката „Виножито“ којашто е прва отворена градинка на територијата на Општина Сопиште. Оваа јавна установа има капацитет за згрижување на 31 дете за кои се грижат вкупно 7 вработени лица обезбедени со согласноти од Министерството за труд и социјална политика.

 

„Обезбедувањето квалитетни услови за ран детски развој создава еднакви можности за сите деца и им овозможува во целост да ги искористат своите потенцијали. Нашата цел како Влада е што поголем број деца до 6 годишна возраст да се опфатат во предучилишното образование, бидејќи раниот развој е најважен за понатамошниот развој на децата. Продолжуваме да инвестираме во детската заштита, посебно во другите градови и руралните места низ Северна Македонија бидејќи инвестицијата во квалитетно предучилишно образование значи инвестиција во човечки капитал и води до напредок на државата. Инвестирањето во раниот детски развој е основа на која се гради општество за сите“, рече министерката Царовска.

 

На посетата на градинката присуствуваа и градоначалникот на Општината Стефче Трпковски, Претседавачот на Советот на Општината Сашо Стојановски и пратеникот од Сопиште Далибор Богдановски. Градинката во Сопиште е изградена со средсва од Светска банка, а општината има доставено комплетен нов проект за изградба на уште еден објект со капацитет за над 60 деца со средства обезбедени од МТСП за 2020 година.

 

Министертвото за труд и социјална политика продолжува да инвестира во детската заштита со тоа што ги подобрува условите за престој и воспитување на децата, но ги јакнеме и професионалните компетенции на воспитувачите. Со последното зголемување на платите, кај вработените во градинките платите се зголемија за 21%. За две и пол години МТСП има инвестирано во изградба, опремување и реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти.

   

 

Треба да знаете
Последни објави