Search

Царовска: Онлајн наставата се одвива со 88% успешност

И покрај пандемијата со која живееме и ние и целиот свет сметам дека имаме тековно успешна учебна година, зашто наставата започна некаде со 77% успешност, а сега имаме 88 % успешност на онлајн наставата истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето на штипската телевизија Стар.

Таа додаде дека оние 12% се однесуваат на ИТ опрема и технички проблеми, но во најголем дел двоначосната комуникација наставник-ученик се одвива без проблем.

-Онаму каде што има физичко присуство исто така наставата тече тековно, имавме изолации за превенција, одреден дел наставници и ученици се позитивни, но немаме ширење на вирусот во училиштата, што значи дека протоколите се почитуваат, рече Царовска.

Таа додаде дека за оние ученици, кои немаат ИТ опрема, тече 15 минутна настава на МТВ.

-Во врска со националната платформа Цравоска рече дека таа чини 0 денари и претставува комбинација од мудус и мајкрософт тимс, бидејќи тоа се отворени ресурси, кои можеме бесплатно да ги даваме. Она што ни е најважно во текот на наставата, а тоа е двонасочната комуникација меѓу наставник и ученик тече, оној дел што е модул за поставување лекции, линкови го користат најголем дел од наставниците,  се надевам дека овој интегриран модел, составен од двете парчиња многу скоро ќе биде ставен во функција, рече Царовска

Треба да знаете
Последни објави