Search

Царовска: Она што го слушнавме од Јанушев ги вознемири сите жени во државата

Страшно ме вознемери она коешто го слушнав денеска од кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ Јанушев, а ги вознемири и сите жени во државата и сакам јавно да го осудам, изјави носителката на листа за пратеници во ИЕ1, Мила Царовска од СДСМ.
“Она коешто го слушнавме ни покажува како таа политичка партија се и како мажите од таа политичка партија управиваат со жените коишто имаат различно мислење. Сите ние имаме право на различно мислење. Сите ние имаме право на наше размислување и толму затоа се бориме денес почитувањето на женските права да останат високо на агендата на нашата држава” рече Царовска.
Царовска истакна дека бевме сведоци на нивниот поранешен лидер којшто зборуваше за некакви женски права и со тоа директно ги кршеше нивните права. Ги затвори сите сервиси и не ги поддржа граѓанските организации за заштита на жените.
Ние го напрвивме тоа. Како политичка партија правивме заложби за подобрување на законската регулатива.  Ја ратификувавме Истанбулската конвенција којашто тие денес ветуваат дека ќе ја ратификуваат. Отворивме повеќе од 15 центри и носиме Закон за заштита и спречување на сите форми на насилство врз жените, што укажува на тоа дека како политичка партија препознаваме родово базирано насилство.
Затоа ги повикувам сите жени да гласаат за коалицијата Можеме којашто освен што работи на унапредување на родовите прашања економски ги јакне жените и нивната независност”, рече Царовска.
Кандидатот за пратеник Дамјан Манчевски на заедничката изјава со Царовска, а во однос на снимките со Јанушев, потенцираше дека не смее да останеме само на вербални залагања.
“Мораме со конкретни мерки да се бориме против родовите стереотипи кои сеуште постојат кај примитивните политичари. Таа борба не е лесна.
Затоа, пред две години се обврзав да се водам од принципот дека не прифаќам да бидам дел од  конференција, дебата или панел дискусија доколку нема барем една жена говорник. Имаме успешни жени во сите области. Тие се рамноправни партнери во дискусии и дебати од кои не е лесно да се излезе како победник.
Се залагам и за зголемување на бројот на жени на раководни позиции. Владата го усвои Законот за висока раководна служба , кој влезе во собраниска процедура, но не стасавме да се усвои пред почетокот на изборите. Во законот е предвидено доколку има кандидати со ист број на бодови за одредена раководна позиција, дека предност ќе има кандидатката.
Во оваа област можеме многу повеќе и многу подобро. Заедно и еднакви!” рече Манчевски.
Линк до видео: https://we.tl/t-tFW7LFwuNd

 

Треба да знаете
Последни објави