Search

Царовска од Дојран: Гласот за Стево Пендаровски е глас за напредокот и подобра иднина на сите

Членката на Централниот одбор на СДСМ, Мила Царовска, вчера попладне беше во посета на општина Дојран каде на средбите со граѓаните разговараше за актуелната состојба во државата, спроведените реформи како и за претстојните престедателски избори и потребата од вистински претседател.

Интеграцијата во двата најмоќни сојузи на светот ЕУ и НАТО, за нас како држава значи многу. Пред се, значи отворање на можности за младите, за нивно подобро образование, усовршување и напредување. Нашата младина заслужува да ги има истите услови како сите нивни врсници во Европа. -рече Царовска.

Царовска ја потенцираше потребата на нашата држава од вистински  претседател кој ќе води напред кон интеграција и развој што ќе овозможат подобар живот за сите граѓани.

– Токму Стево Пендаровски е човекот кој ја има таа визија, нашата татковина дел од НАТО и ЕУ, напредна, современа, европска Макеонија. Глас за Стево Пендаровски е глас за повеќе инвестиции, повеќе пари во државата , нови работни места и повисоки плати.-порача Царовска.

Царовска ги повика граѓаните да излезат на 21 април и 5 мај да го дадат својот глас за Стево Пендаровски, затоа што тоа е глас за развојот, за напредокот и подобра иднина на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави