Search

Царовска од граѓанската трибина во Кочани: Ги зголемивме платите на вработените во градинките и социјалните центри, го враќаме достоинството на вработените

Работиме чесно и одговорно. Наша јасна цел е да ги подобриме условите во државата и да обезбедиме подобар живот за секое семејство, градиме систем кој нуди фер и еднаква шанса за сите, истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на вчерашната граѓанска трибина во Кочани.

-Ги покачивме платите на сите вработени во 1.170 вработени во Центрите за социјални работи за 4.363 денари што е историски најголемо досега. Исто така обезбедивме историски највисоко покачување за 3.138 негуватели и воспитувачи во градинките. Тие сега земаат плата во просек за 3.000 денари повисока од претходно, односно покачувањето изнесува 16% . Дополнително следуваше покачување од 5% на платите во јавниот сектор – рече Царовска.

Инвестираме и во изградба на нови и проширување на постоечките капацитети на градинките низ цела држава. Голем акцент се става на отворање на нови градинки во руралните средини, каде воопшто до сега немало вакви капацитети. На прав пат сме и се грижиме подеднакво за сите – заклучи Царовска.

Линк до видео: https://youtu.be/tmvSbCv2RTg

Скопје, 10 октомври 2019

Треба да знаете
Последни објави