Search

Царовска на средба со претставници од ХИВ платформата: Заеднички можеме успешно да се бориме против ХИВ

Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, попладнето се сретнаа со претставници на ХИВ Платформата. На работниот состанок се дискутираше за досега направеното и новите предизвици за превенција од ХИВ и спречување и преку навремено преземени мерки за спречување на епидемија.
Царовска рече дека превентивните програми за ХИВ за првпат се финансирани од Владата предводена од СДСМ и со иста заложба ќе продолжиме и во наредниот период.
„Соработката со граѓанските организации и нивното мислење и препораки ни се многу важни во креирањето на понатамошните мерки и политики во борбата против ХИВ. Со заедничка заложба можеме да направиме многу за навремена превенција од ХИВ преку обезбедување на квалитетна терапија”, рече Царовска.
Треба да знаете
Последни објави