Search

Царовска на маалска средба во Босилово: Посветени сме на унапредување на детската заштита, платите растат, градиме градинки и во руралните средини

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска попладнево учествуваше на маалска средба со жителите на општина Босилово.

Пред присутните, Царовска изрази задоволство што за првпат во оваа општина се гради детска градинка во која ќе бидат згрижени 60 дечиња од општината.

– Како Влада се насочивме на унапредување на системот за детска и социјална заштита, кои се едни од клучните сектори за унапредување на квалитетот на сите граѓани. Затоа платите за кадарот во градинките ги покачивме за просечно над 3.000 денари, а веќе од следната плата, тие ќе добијат дополнително зголемување од 5 отсто. Од мај 2017 па до денес изградени и опремени се 24 објекти на детски градинки, а во тек е опремеување и изградба на уште осум нови градинки. Кај новите градинки посебен акцент ставаме на руралните општини во кои досега немало детски градинки, како што е и општина Босилово, истакна Царовска.

Потпретседателката Царовска се осврна на мерките од социјалната реформа која има за цел извлекување од сиромаштија, а преку која се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток и која обезбедува раст на социјалната помош и до 300 отсто

– И во периодот што следи ќе продолжиме на реализација на мерките што го унапредуваат системот на детска и социјална заштита и обезбедуваат квалитетни услови за живот за сите граѓани, посочи Царовска.

СДСМ останува со граѓаните. Маалските средби продолжуваат со цел да се слушнат барањата, сугестиите и потребите на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави