Search

Царовска на дебата „Иднината на образованието”: Наша заложба е секој наставник да добие поддршка во својот професионален развој

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денескс учествуваше на меѓународна онлајн дебата „Иднината на образованието” организирана од списанието за одржлив развој „Лице в Лице” и асоцијацијата „Паблик”. На конференцијата, како што информираат од МОН, министерката зборуваше за важноста на наставниците во образовниот процес, но и за продолжувањето во инвестирање и осовременување на образованието.

Важно е да се вложува во наставниот кадар и во мотивација на наставниците со што сите заедно ќе придонесеме за поквалитетно образование. Неопходно е да има двонасочна комуникација, помеѓу институциите во системот и наставниците, со што секој наставник ќе ја добие потребната поддршка во својот професионален развој. На ова посветено и силно ќе работиме, истакна  Царовска.

На онлајн конференцијата учествуваа и експерти за образование од Шведска, Шкотска и Канада, претставници од Светска банка и професори од Северна Македонија.  Активноста е дел од проектот „Лице в лице со граѓаните”, кој е поддржан со грант од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија” имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).

Треба да знаете
Последни објави