Search

Царовска и Шкријељ во Општина Сарај: Кондово ја добива првата детска градинка, инвестираме во вистински вредности како раниот детски развој 

Носитлката на листа на пратеници во ИЕ 1 од СДСМ, Мила Царовска и кандидатката за пратеничка Санела Шкријељ, денес го посетиja населеното место Кондово во Општина Сарај кадешто се гради првата детска градинка.

„Навистина ми е драго што  Кондово ја добива првата градинка. Современиот објект граден по најнови стандарди има капацитет за над 80 деца, а вкупната инвестиција е 21,3 милиони денари. Подеднакво инвестираме во нови објекти за детска заштита и во урбаните и во руралните средини затоа што секое дете ни е важно. Како социјал -демократи веруваме во вистинските вредности во праведност и еднаквост и затоа изминатите две и пол години силно инвестираме во детската заштита која беше заборавена цела деценија.Изградивме, реновиравме и проширивме вкупно 44 градинки и обезбедивме 3.500 нови места во градинките. Со 15 милиони евра од Светска банка за изградба и реконструкција на градинки обезбедуваме нови 7.500 места. Вложуваме,градиме се грижиме како никогаш до сега. Заедно можеме да направиме многу затоа што секое дете заслужува шанса за правилен детски развој”, рече Царовска.

Кандидатката за пратеничка Шкријељ истакна дека иднината на секоја држава зависи од генерациите кои доаѓаат. Затоа приоритет на оваа Владата и Министерството за труд и социјална политика е систематското вложување во најмладите, почнувајќи од зголемувањето на капацитетите за предучилишно образование.

„Ми претставува особено задоволство кога се инвестира во градинка во места каде што никогаш немало, а особено во рурални средини, кои беа неоправдано запоставувани.
Единствен начин да изградиме здраво граѓанско општество е да инвестираме во децата. Со одговорни политики креиравме сет мерки за намалување на детската сиромаштија, а предучилишното образование и раниот детски раст и развој се клучни фактори во обезбедување еднакви можности и еднаков старт на секое дете. За квалитетно предучилишно образование неопходен е квалитетен, обучен и мотивиран кадар. Затоа работевме на зајакнување на професионалните компетенции на воспитувачите овозможувајќи, континуиран професионален развој на кадарот. Истовремено, ги зголемивме и платите на воспитувачките кои беа опфатени со реформата. Работевме и на нови програми коишто треба да влезат во ревидираната прохграма за рано учење и развој. Нашата држава е една од првите држави кои воведоа пилот програма за социоемоционален развој на децата во градинките.
Патот за создавање најдобро европско предучилишно образование е трасиран и ние ќе продолжиме да го градиме”, рече Шкријељ.

Линк до видео изјава:https://we.tl/t-vnhHHBD7Kj

Треба да знаете
Последни објави