Search

Царовска и Шкријељ во Крива Паланка: 722 денари повеќе за секој пензионер, пензиите продолжуваат да растат

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и Санела Шкријељ, член на Комисијста за труд и социјална политика вечерва се сретнаа со пензионерите од Крива Паланка со кои разговараа за зголемувањето на пензиите и другите прашања поврзани со повозрасната популација.
 
“Јануарската пензија којашто ја исплатиме во февруари ќе биде 700 денари повисока за секој пензионер.Со оваа одлука го зајакнуваме животниот стандард на пензионерите а просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето на пензиите се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата” истакна Царовска.
Системското решение предвидува дополниетлно зголемување на пензиите освен според растот на БДП, да може да се зголемуваат и според растот на платите”, рече Царовска.
Шкријељ, нагласи дека секој граѓанин има право на достоинствен живот и сите имаат право да уживаат во плодовите од она што го сработиле во животот.
“Се инвестира во развој на услуги на локално ниво како што се помош и нега во домашни услови. Се работи на развој на центри за активно и здраво стареење на возрасни лица, кои ќе се користат за социјализација и дружење. Активно работиме на подобрување на услугите на центрите за социјална работа на локално ниво и ќе продолжиме да работиме напорно, затоа што секој заслужува достоинствен живот”, рече Шкријељ.
Треба да знаете
Последни објави