Search

Царовска и Шкријељ во Крива Паланка: Сите одлуки ќе ги носиме заедно, се бориме за поголема застапеност на жените во политиката

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска и Санела Шкријељ, членка на Комисијста за труд и социјална политика на СДСМ вечерва разговараа со жените во Крива Паланка за сите актуелни политики за унапредување на правата на жените и родовата еднаквост.
На средбата организирана од форумот на жени на СДСМ во Крива Паланка беше истакнато дека претходниот закон за абортус донесен од ВМРО-ДПМНЕ целосно ја погазуваше волјата на жената. Со новиот закон донесен од Владата предводена од СДСМ жената самостојно одлучува што ќе прави со своето тело без при тоа да се става во потчинета состојба.
Потпретседателката Царовска истакна дека партијата силно работи на унапредување на родовата еднаквост и поголема застапеноста на жените во политиката.
“На кандидатските листи за прв пат настапуваме со ист број на жени и мажи. Бидејќи педесет со педесет е соодоносот што треба да го отсликува нашето општество. Сите одлуки ќе ги носиме заедно, подеднакво силни и гласни, еднакво застапени, како што доликува на секоја  прогресивна и демократска земја. За ова се боревме и во оваа насока продолжуваме”, рече Царовска, која ги повика жените да се кандидираат за пратенички.
Шкријељ на средбата истакна дека оваа влада со своите позитивни политики посвети посебно внимание на зголемувањето на платите, особено на минималната плата и тоа во индустриите каде што претежно работат жени.
“За две и пол години минималната плата ја зголемивме за 60%. Беше 9.000 денари, сега е 14.500 денари. Платите ќе продолжат да растат а тоа се гледа по искористеноста на мерката за субвенционирање на придонеси за раст на плати која што многу висока. За два месеца оваа мерка ја искористија 20.000 компании коишто им ја зголемија платата на 106 илјади работници”, рече Шкријељ

 

Треба да знаете
Последни објави