Search

Царовска: Изградивме социјален систем кој ќе биде голема поддршка за ранливите категории

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска смета дека земјава со донесувањето на новите законски решенија за социјална и детска заштита и нивна имплементација изградила систем што ќе биде голема поддршка за најранливите категории граѓани и оти со него се поставени нови стандарди во нивната заштита.

Таа во интервју за емисијата „Вин-вин” на телевизија Телма вели дека со воспоставувањето на ваквиот систем на заштита се исклучени сите можности за злоупотреби. Овој систем, сметаа таа, треба да продолжи да го гради и новиот министер кој ќе биде поставен пред изборите во т.н. преодна влада од 100 дена пред изборите, а на предлог на опозицијата.

-Веројатно злоупотреби се случувале во периодот додека владееле ВМРО-ДПМНЕ, затоа што многу често и граѓаните сами кажуваат дека „тие ми го дадоа тоа право”, а јас на тоа велам дека ниту ниту еден политичар не ви дава ниту едно право. Кога тоа право ќе го помине Собранието тоа станува законски гарантирано вашо право, а наша обврска да го испорачаме до вас. Затоа злоупотребите сега се исклучени и не постојат во системот на социјална заштита. Јас сум сигурна дека и следниот министер ќе мора да го задржи тоа однесување на центрите за социјална работа за да не се злоупотребуваат најранливите. Тоа е и наша одговорност, но и на тие кои ќе дојдат после 3 јануари во МТСП, рече Царовска, во одговор на прашање дали ќе по смената планира да остане како дополнителен заменик министер.

Таа додаде дека за тоа се уште е е разговарано во партијата.

-Тоа мислам е техничко прашање и за него се уште не е дискутирано во партијата. Сметам дека ќе се грижат од која и да е позиција она што е постигнато и направено во Министерството да се зачува и задржи. Важно е дека администрацијата учествуваше во сите процеси и самата администрација верува во новиот стандард што го поставивме во систем на социјална заштита и ќе се грижи да го заштити понатаму да остане во таква функција, рече Царовска.

Министерката дека по последното покачување на минималната плата на 14.500 денари Владата ќе работи на ново дополнително покажување. Првото покачување беше од 9.000 на 12.000 денари.

За покачувањето на минималната плата, рече, се разговарало со социјалните партнери низ дијалог и на крај била усогласена нејзината висина.

Треба да знаете
Последни објави