Search

Царовска зборува за поддршка на компании, а само во една изрекетирана торба има пари за поддршка на 6000 вработени

Соопштение до јавноста- реакција на изјавата на Мила Царовска

„Мила Царовска како вице премиер за економски прашања на својата совест ги има 30 илјади работници кои немаа земено априлска плата, над 15 илјади луѓе кои останаа без работа, катастрофално лошиот раст од 0,2% од БДП во првото тромесечие кога кризата уште не беше почната, јавниот долг кој до крајот на годината ќе достигне околу 60% од БДП и низа други порази и неуспеси.

Царовска покажа целосна неспосбност и неодговорност, впрочем како и целата власт на Заев.

Народот затоа ќе ги казни на следните избори и ќе даде поддршка на Обновата.

Обновата нуди раст на платите од 25%, раст на пензиите 20%, невработеноста ќе падне под 10%, ќе има 4 милијарди домашни и странски инвестиции, 0% персонален данок за млади, нова инфраструктура, конкретна земјоделска политика и многу други реални проекти.

Само во една изрекетирана торба со 1,5 милиони евра, која според сведоштвата завршила кај Заев, содржи пари со која што можеле да се се поддржат компании со над 6000 вработени.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“

 

 

Треба да знаете
Последни објави