Search

Царовска во Штип: Се очекува новата градинка да биде готова до крајот на септември

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беше во Општина Штип и со градоначалникот Благој Бочварски направија увид на изградбата на целосно новиот објект градинка во населба Сењак кој што ќе функционира како дел од ЈОУДГ„Астибо“.

Објектот се гради согласно Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2019 година на МТСП. Градежните активности се очекува да завршат до крај на месец септември годинава, а капацитетот е за 80 деца.

„Инвестирањето во раниот детски развој е еден од високите приоритети на Владата на Република Северна Македонија, поради што годинава обезбедивме за 300% поголем буџет за изградба на градинки. Секое дете треба да има ист старт во животот, а градинките да бидат пристапни за сите, бидејќи раниот детски развој е клучен за создавањето на квалитетен човечки капитал во иднина “, изјави Царовска.

Инаку, во Општина Штип има две Јавни установи за деца, со вкупно 8 објекти и капацитет за 1.448 деца, а вкупниот опфат за деца од 0-6 годишна возраст е 53%. Во изминатиот период МТСП за двете градинки обезбеди вкупно 39 согласности за вработување.

Проширување и подобрување на капацитетите за предучилишно образование останува приоритет на Министерството за труд и социјална политика, бидејќи раниот детски развој е клучен за создавање квалитетен човечки капитал.

Министерката Царовска денеска во Штип се сретна и со преставници на Здруженијата на пензионери и на лица со попреченост. На состаноците се дискутираше за унапредувањата на правата на лицата со попреченост кои се дел од социјалната реформа којашто е во собраниска процедура и за пензиската реформа со која се обезбедува редовна исплата и континуиран раст на пензиите.

Треба да знаете
Последни објави