Search

Царовска во посета на градинките во Бутел: Детскиот развој ни е приоритет, инвестиравме над 180 милиони денари во градинки

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Бутел денеска посетија две детски градинки. Општина Бутел во изминативе две години стави силен акцент на подобрување на условите за сите дечиња од пред училишна возраст. По основ на тоа, реализирани се капитални инвестиции во реконструкција и санации на објектите во износ од 19.000.000,00 денари средства одвоени од буџетот на Општина Бутел
Имено,  проширени се и капацитетите со новазанимална во јаслениот дел за 20 бебиња на капацитетите,со што  целосно се елиминира листат на чекање.
Министерката Мила Царовска и градоначалникот Велимир Смилевски разговараа за подобрување на условите за деца во 2020 година и проширување на капацитетите во општина Бутел за 150 дечиња.
– Ние како Министерство се грижиме да ги поттикнеме локалните самоуправи да инвестираат во детската заштита, но и ние како Владата инвестираме во нејзин развој, а особено во инфраструктурата во градинките. Вложивме повеќе од 180 милиони денари само за доградба, реконструкција, проширување и изградба на градинки. Дополнително за наредната година се планирани 105 милиони денари за инвестиција во инфраструктура во детска заштита, изјави Царовска денеска при посетата на градинката „11 Октомври” во општина Бутел.

 

– Паралелно не само што работиме на инфраструктурата, работиме на јакнење на капацитетите на вработените градинките и на нивна мотивација затоа што платите во градинките беа на лошо ниво, рече министерката и потенцира со последното зголемување платите во просек во оваа дејност се зголемени за  5.700 денари само за две и пол години, рече Цароска.

 

Треба да знаете
Последни објави