Search

Царинска управа потпиша Меморандум за соработка и спречување на трговија со фалсификувана и пиратска стока со РЕАКТ Б.В.

Денес директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и регионалниот директор на РЕАКТ Б.В. ѓ-ѓа Ели Муфишовски, потпишаа Меморандум за соработка и спречување на трговија со фалсификувана и пиратска стока. РЕАКТ Б.В. од Холандија (непрофитно бизнис здружение со повеќе од 270 членки чии цели се заштита на потрошувачите и легитимниот бизнис во борба со трговијата со фалсификувана и пиратска стока) и Царинската управа склучија Меморандум за соработка за заедничко зајакнување и формирање на поволни услови за усогласување и забрзување на соработката која се однесува на заштитата и спречување на увозот, транзитот, извозот, продажбата и производството на производи кои ги повредуваат правата од интелектуална сопственост на членките на РЕАКТ.

Меморандумот го потпишаа во воведниот дел на обуката за идентификување на оригинални и фалсификувани производи, организирана од РЕАКТ, која е осмислена за претставување на брендовите кои земаат учество и за споделување на поблиски податоци за потеклото на нивните производи. Настанот кој се одржува во Скопје е организиран со намера да се презентира координацијата на активностите на Реакт и членовите на Реакт помеѓу сите засегнати чинители и да допринесе во одржувањето на блиската врска со соработниците од нашата земја. Во своето обраќање до присустните директорот Танасоски потсети дека Царинската управа постојано работи на унапредување на системот на царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост. Како пример се наведе дека во минатата година, во 58 акции привремено се задржани 175.750 илјади парчиња и 2.506 кг. различни видови на  стока поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Царинската управа редовно организира и кампањи за подигање на свеста околу штетноста на фалсификуваните производи, за превентивно делување со предупредување на потрошувачите за опасностите од широко распространетата повреда на права од интелектуална сопственост. Беше поздравена и досегашната соработка со РЕАКТ Б.В. што успешно се спроведува низ разновидни  заеднички активности.

 

Треба да знаете
Последни објави