Search

Царината лани запленила најмногу наркотици, лекови, оружје и пари

Еден тон марихуана запленила лани царината во 16 акции за спречување шверц на наркотици, а истата година цариниците заплениле околу три килограми кокаин, хероин и други наркотици, информираат од Царинската управа.

-Начините на криење и прикривање нелегална и забранета стока стануваат се посложени, поинвентивни и пософистицарни. За идентификација и откривање на ваквите случаи и соодветно насочување на нашите ресурси и активности за нивно сузбивање постојано користиме разузнавачки податоци и инфорамции од спроведена анализа на ризик. За да обезбедиме поголема сигурност на границата перманенетно работиме на подобруање на метологиите и способностите врз основа на анализа на ризик, се вели царинскиот извештајот.

Покрај наркотици, во 2018 година биле српечени 13 обиди на шверц на 41.786 парчиња лекови и медицински помагала. Според податоците се шверцувало таблети, инсулински пенкала, креми, капсули, ампули, анестезии, стоматолошки инструменти и материјали.

ЦАриниците спречиле 40 обиди за шверц на цигари, а цариниците откриле 345.042 парчиња цигари и други тутунски производи.

Откриени се и шест обиди за шверц на девет килограми сребро во гранули и над два килограма златен накит.

Од Царината информираат дека се шверцувале и храна и пијалаци. Царинските службеници спречиле шверц на 735 шишиња алкохол и 4.565 килограми и 109.411 парчиња прехранбени производи.  Меѓу откриената стока имало пилешки стек, домашна ракија, домашно вино, охридска пастрмка и рибарски мрежи.

И луксузни производи се нашле на листата на шверцерите. Царината открила околу 5.000 парчиња луксузна облека, модни додатоци и козметика. откеини биле парфеми, десодоранс, наочари за сонце, ремени, паричници, фустани, обувки, часовници, бунди.

Лани бил спречен и обид за нелегална трговија со оружје. Биле откриени четири аир софт пушки, два пригушувачи и три дијаболи за нив, еден гасен пиштол и 50 парчиња муиција за пиштолот.

Граѓаните се обиделе и нелегално да пренесат 308.730 евра, 31.500 долари, 32.300 швајцарски франци и 13.000 британски фунти  што биле откриени од цариниците во 32 обида.

Во годината што измина биле пренесени легално и пријавени 11.996.059 евра, од нив поголемиот дел се внесени во земјава.

Треба да знаете
Последни објави