Search

Цапа бара од Владата финансиска поддршка и за бањскиот туризам

– Владата мора да даде финансиска поддршка за бањскиот туризам, а со тоа и на нашата компанија, зашто во спротивно се доведува во прашање нејзиниот опстанок и судбината на 250-те вработени.

Ова за новинарите го изјави сопственикот на „Дебарски бањи-Цапа”, Меџит Цапа, на испраќањето на дел од затекнатите граѓани во Дебар, поради прогласувањето на кризната сосотојба, а кои беа сместени во бањскиот локалитет во Бањиште.

-Состојбата со коронавирусот не само што не изолира, туку ја парализира и нашата работа. Во месеците април, мај, јуни во нашите капацитети се бараше место повеќе, така што може да се претпостави колку голема е штетата што ја трпиме. По заминувањето од нашите хотели на овие лица, кои се од нашава земја и од странство, ќе ставиме клуч на нашите објекти. Поради ваквата состојба, во прашање се доведува судбината на нашите повеќе вработени, зашто тука егзистенција обезбедуваат над 250 семејства, загрижено рече Цапа.

Во двата локалитета на „Дебарски Бањи-Цапа” – Бањиште и Косоврасти, кои се светски познати по лековитоста,  годишно престојуваат околу 13 000 гости од земјава и од странство, кои оставаруваат над 90 000 ноќевања.

По приватизацијата во 2004 година, Цапа има инвестирано над 10 милиони евра во осовременување на капацитетите, со што се постигнати европски стандарди и се зголеми бројот на странските гости. Во последните години, од вкупнот број гости дури 60 отсто се од странство.

Треба да знаете
Последни објави