Search

Цапак: Нормализација на животот се очекува на почетокот на јуни

Првиот човек на Хрватскиот завод за јавно здравје и член на националниот штаб за цивилна заштита  во оваа земја Крунослав Цапак одоговарајќи на прашања од гледачи на Н1 телевизија потенцираше дека очекува нормализација на животот на почетокот од јуни. Дали коронавирусот кој предизвика пандемија во целиот свет ќе се врати повторно во есен кога ќе пристигне новата сезона на грипови, вели дека на ова прашање неможе никој да одговри.

– Коронавирус, грип, сезонски вируси се шират кога повеќе престојуваме во затворен простор. Дали оваа болест ќе се врати во есен или ќе исчезне како САРС, можеби ќе мутира и ќе премине во некој нова форма, тоа никој не знае во овој момент. Таквите сценарија неможат да се предвидат. Ако од оваа битка излеземе со недоволно стекнат имунитет, можно е да ни се врати и следната зима –   вели Цапак.

Запрашан што е колективен имунитет и како функционира тој, Цапак појаснува:

-Тое е кога имаме малку луѓе кои се осетливи на болеста. Лицата кои имаат имунитет можат да ги опкружат осетливите за да неможата да дојдат во контакт со носителите на вирусот. Тоа е она што треба да го извојуваме како победа од оваа битка и да станеме отпорни на новиот коронавирус како народи.

Во Хрватска досега има 790 заразени од коронавирусот, а се опоравиле 64. На респираторни машини се наоѓаат 27 лица, а битката со КОВИД 19 досега ја имаат загубено шест лица. Меѓу заразените има и здравствени работници.

-Имаме заразени 44 лекари и 10 стоматолози, како и 30 медицински сестри, како и околу илјада здравствени работници кои се во самоизолација. Со вакви бројки неможеме да кажеме дека здравствените работници не ни се нападнати.Но се работи и преземаат мерки тоа да го запреме – додава Цапак кој најавува засилена и почеста контрола на здравстевениот персонал кој работии со ризичното население. Тестирањата мораат да бидат засилени кај лицата кои работата во здравството за да не ни се појават носители на вирусот без никакви симптоми. Кај тие лица потешко е да се воспостави дијагноза. Грипот почнува без респираторни симптоми, кои ќе се јават во подоцнежна фаза. Кај короанвирусот е обратно. прво ќе се јаваат респираторни симптоми, а потоа другите – вели Цапак во гостувањето на Н1 телевизија.

-Потребно е време. Мораме да се бориме со „оружјето“ кое го имаме на располагање, а тоа е изолацијата, карантинот…

Запрашан која е просечната возраст на лицата кои се опоравуваат од коронавирусот во Хрватска, Цапак вели дека се тоа лица на возраст околу 50 години.

Според него дезифиенците и антисептиците им помогнале да искоренат многу болести. Со вбризгувањето на се и сешто се доведуваме во ситуација да ги уништуваме и корисните бактерии. Потенцијално на овој начин создаваме супербактерии кои се отпони на дезифиенци. Затоа во ова време тој препорачува миење на рацете и при подготовка на храната добра термичка обработка бидејќи вирусот на 70 степени се распаѓа.

 

Треба да знаете
Последни објави