Search

Хју Џекман му даде 100 фунти на бездомник и го покани на вечера

Филмскиот актер Хју Џекман (50) минатата недела наиде на бездомник и му даде 100 фунти, а потоа го покани на отворање на ресторан во хотелот „Блитсвуд сквер“ во Глазгов, според „Ивнинг тајмс“.

„Во прво време не забележав за кого станува збор бидејќи носеше капа, но кога застанав, погледнав и видов дека Џекман става пари во рацете на бездомникот”, рече жената која го виде гестот на актерот.

 

Хју разговараше со бездомникот за животот, а потоа го покани на вечера.

„Човекот се смееше и рече дека не е соодветно облечен”, рече жената која го слушна разговорот.

На крај, Хју отиде по својот пат, а бездомникот дури подоцна дозна од жената кој му дал пари. Како што вели сведокот, бездомникот речиси заплакал.

Треба да знаете
Последни објави