Search

Хутите ѝ се закануваат на Саудиска Арабија со нови напади

Бунтовниците од движењето „Ансар Алах“ (Хути) на северот од Јемен соопштија дека во секој момент можат да изведат нови напади на објекти во Саудиска Арабија, пренесува „Спутник“.

„Ги предупредуваме компаниите и странците да не одат на местата што беа наши мети зашто тие продолжуваат да ни бидат мети и може во секој момент да бидат нападнати,“ изјави за телевизијата „Ал Масира“ официјалниот претставник на Хутите.

Тој потврди дека имаат оружје кое може да стиигне до секоја цел во Саудиска Арабија кога тие ќе посакаат и затоа заливското кралство треба да смета на тоа и да ја прекине својата агресија во Јемен.

Саудијска Арабија, најголем извозник и еден од трите најголеми производители на нафта, изјави по саботниот напад на нејзините нафтени објекти дека го намалила производството за половина- од 9,8 на 5,7 милиони барели дневно.

Јеменските бунтовници Хути, кои војуваат против арапската коалиције на чело со Саудиска Арабија, презедоа одговорност за саботниот напад со дронови.

Треба да знаете
Последни објави