Search

Хунтелар после 17 години ја освои првата лигашка титула во својата кариера

Фудбалерите на Ајакс синоќа со своите навивачи ја прославија двојната круна, а на прославата во Амстердам се собраа повеќе од 100 илјади навивачи на славниот холандски клуб.

Ајакс неодамна ја освои титулата во Купот, а деновиве ја обезбедија и шампионската титула во холандското првенство. Оваа титула сигурно е една од најдрагите за Клас Јан Хунтелар кој конечно успеа да освои лигашка титула.

Тој во текот на 17 години од својата професионална кариера, настапуваше за екипите на ПСВ, Де Грапшап, АГОВ, Херенвен, Реал Мадрид, Милан и Шалке и досега ниту еднаш не успеа да ја освои титулата во домашното првенство.

Овој пат, на 35-годишниот фудбалер конечно му се исполни и таа желба и со Ајакс стана шампион на Холандија.

Треба да знаете
Последни објави