Search

„Хумел“ го објави данскиот дрес за Катар: Не сакаме да сме видливи на турнир кој чини илјадници животи

Данската компанија за спортска опрема „Хумел“ го објави данскиот дрес за Мундијалот во Катар со посебен дизајн со кој сакаат да испратат протест за човековите права во земјата домаќин, вклучувајќи и целосно црн дрес за „жалење“.

„Со новиот дрес на данската репрезентација сакаме да пратиме двојна порака. Инспирацијата доаѓа од Еуро 92, најславниот дански фудбалски успех, но и како протест против Катар и нивните човекови права. Затоа ги нмливме сите детали на дресот, вклучувајќи го нашето лого. Не сакаме да бидеме видливи на турнир кој чини илјадници човечки животи. Ја поддржуваме данската репрезентација до крај, но то не е исто како да се поддржува Катар како земја домаќин. Сметаме дека спортот треба да ги зближува луѓето. Кога не го прави тоа, сакаме да го кажеме нашиот став“, се вели во објавата на „Хумел“.

Тие додадоа: „Црна! Бојата на жалењето. Совршената боја за третиот дрес на Данска“.

Треба да знаете
Последни објави