Search

Хуманитарен брод спаси 34 мигранти северно од Либија

Најмалку 34 мигранти, вклучувајќи жени и мало дете, што ги спаси германска едрилица, успешно се префрлени во поголем хуманитарен брод за време големо невреме во меѓународните води северно од Либија.

Трансферот се случил синоќа, на околу 120 километри оддалеченост од либискиот брег, во близина на нафтеното поле Бури.

Екипажот на германскиот хуманитарен брод претходно од гумен чамец спаси 22 мажи, шест жени и едногодишно дете.

Мигрантите се префрлени во бродот „Оушн Викинг” откако беше прогласена вонредна состојба поради невремето.

На бродот сега се наоѓаат повеќе од 80 мигранти, бидејќи 50 беа спасени во текот на викендот.

Треба да знаете
Последни објави