Search

Хук: Мора да биде продолжено ембаргото за оружје за Иран

Специјалниот претставник на САД за Иран, Брајан Хук изјави дека ембаргото за оружје мора да остане во сила за „насилните режими” и „терористички организации” ширум светот не би почнале да купуваат оружје од Техеран.

Тој додаде и дека светот треба да ги игнорира заканите од Иран со одмазда ако биде продолжено ембаргото на оружје кон Иран, што истекува на 18 октомври.

Хук таквите закани ги нарече „мафијашка тактика”.

Поради ембаргото Иран не може да купува воени авиони, тенкови, воени бродовби и друго оружје. Но, Хук тврди дека Иран кријумчари оружје во воените зони во светот.

– Ако дозволиме да истече ембаргото, можеме да бидеме сигурни дека Иран дење ќе го прави тоа што сега го прави по темница, наведе Хук.

САД бара Советот за безбедност на Обединети нации да воведе трајно ембарго на оружје за Иран, но на тоа се спротивставува Русија.

Треба да знаете
Последни објави