Search

ХРТ тужи свои вработени поради соопштение на Хрватското новинарско друштво

Хрватската радиотелевизија тужи свои вработени поради објавување соопштение на Хрватското новинарско друштво (ХНД), соопшти денеска претседателот на здружението Хрвоје Зовко.

Тој на прес-конференција насловена „Нов удар на ХРТ врз ХНД” рече дека според тужбата примена во понедленикот, ХРТ од ХНД бара надомест на штета поради „грубо повреден углед, чест и име” од 200.000 куни, и уште 50.000 од претседателката на огранокот на ХНД во ХРТ, Сања Миклеушевиќ Павиќ.

Причина за тужбата е соопштение на тој органок на ХНД од 11 септември годинава, кое било емитувано под наслов  „Огранокот на ХНД на ХТВ против манипулации и неодговорно однесување на привилегирано малцинство”.

Зовко тужбата ја нарече „невиден напад врз работата и дејствувањето на Огранокот на ХНД врз Хрватската радиотелевизија, заплашување на новинарите на ХРТ и обид за финансиски напад врз Хрватското новинарско друштво”.

– Ова е невиден облик на цензура и притисок од луѓето кои ја водат ХРТ, рече Зовко.

Тој додаде дека писмено се обратил и до премиерот Андреј Пленковиќ кого го известил за случувањата во ХРТ и оти планира тоа да го направи и кон други хрватски и европски институции.

На прес-конференцијата не присуствувал ниту еден новинар на ХРТ.

Треба да знаете
Последни објави