Search

ХРТ емитува забранета епизода на „Мало мисто“ во која се исмева комунистичката власт

ХРТ ќе ја емитува забранетата и изгубена епизода на култната серија „Наше мало мисто“ на Нова година. Епизодата „Загребуље“, 14-та по ред во серијата, се емитуваше само еднаш, на 31 декември 1970 година, по што беше забранета и се загуби во архивите на телевизијата.

„Оваа епизода во тоа време предизвика политичко вознемирување. Тогашните комунистички политичари не беа задоволни со оваа епизода, бидејќи во неа имаше сатира што ја надминува границата на толерантност во тоа време. Никола Вончина во својата книга спомнува дека веднаш по емитувањето епизодата  била забранета. Има една сцена каде што д-р Луиџи и Борис Дворник уринираат од ривата. Таа сцена предизвикала медиумска полемика во тоа време “, објасни во емисијата „Добро утро, Хрватска“ Ренато Куниќ, директор на Програмата на ХРТ.

Забранетата епизода на „Мало мисто“ ќе ја емитува ХРТ на 1 јануари 2019 година во 20 часот.

Треба да знаете
Последни објави