Search

Христов и Борец се разделија, Николоски е нов тренер на велешани

Борче Христов не е повеќе трене на фудбалскиот прволигашш Борец од Велес. Разделбата со велешани дојде по елиминацијата на Борец од Купот на Македонија од Струга Трим Љум. Христов на клупата кај Борец ќе го наследи Јане Николоски, поранешниот македонски репрезентативен голман.

Борец се наоѓа на 10. позиција во македонската Прва лига и има осум освоени бодови по 10 одиграни кола. Николоски ќе има цел да ја извлече екипата од опасната зона за испаѓање.

Николоски досега на мак-сцената ги предводеше екипите на Хоризот Турново, Дрита и прилепска Победа, а има и интернационално искуство од работата кај кипарскиот Арис Лимасол.

Треба да знаете
Последни објави