Search

ХРВ: Судан продолжува да ги крши основните човекови права

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч” (ХРВ) денеска побара од САД да не ја тргаат ознаката на Судан како држава која го спонзорира тероризмот.

Организацијата наведува дека Картум продолжува да ги крши основните човекови права, а силите за безбедност регуларно напаѓаат цивили и насилно дејствуваат на мирни протести.

Денешното соопштение доаѓа во момент кога Вашингтон се согласи на втора фаза за зближување со Картум, која вклучува шест критериуми, кои, доколку ги исполни, ќе го квалификуваат Судан за укинување на ознаката како држава која го спонзорира тероризмот.

Стејт департментот соопшти дека критериумите вклучуваат ширење на соработката против тероризмот и унапредување на заштитата на човековите права, вклучувајќи и слобода на вероисповед и слобода на печат.

На списокот се и прекин на непријателствата и создавање поповолна средина за напредок во суданскиот мировен процес.

Треба да знаете
Последни објави