Search

Хрват уапсен на Гибралтар поради трговија со кокаин

Гибралтарската полиција го уапси 43-годишниот хрватски државјанин Н.К. по кого трага хрватската полиција поради вмешаност во трговија со 155 килограми кокаин. Тој бил уапсен во понеделникот на 9 декември во областа Ватерпорт Терас во Гибралтар, британскиот полуостров во јужна Шпанија.

Хрватската потерница беше издадена од хрватскиот суд во февруари годинава. Тој треба да биде изведен пред истражен судија во Гибралтар.

Треба да знаете
Последни објави