Search

Хрват го постигна автоголот на деценијата (ВИДЕО)

Романското фудбалско првенство не е меѓу најпопуларните во Европа, но викендов е во центарот на вниманието поради еден погодок.

Поради неспретната реакција на натпреварот Астра – Клуж (0:2),хрватскиот интернационалец Љубан Црепуља стана хит на социјалните мрежи.
Имено, при резултат 0:0 во финишот на првото полувреме, Црепуља очигледно беше изненаден кога топката по изведениот корнер се одби од неколку играчи и дојде до него, а тој од околу седум метри од голот наместо во корнер, топката ефектно ја заби со сопствениот гол со што се отвори полемика дали голот е намерен или не.

Треба да знаете
Последни објави