Search

Хрватскиот БДП падна за 10 проценти во третиот квартал од годината

Хрватската економија падна за 10 проценти во третиот квартал во споредба со истиот период во 2019 година, што најмногу се должи на падот на личната потрошувачка, покажа денешната прелиминарна проценка на Централното биро за статистика.

Овој пад, според агенцијата Хина, е помал во однос на рекордниот минус од 15,4 проценти во вториот квартал.

Ова е втор квартал по ред како хрватската економија паѓа на годишно ниво, што значи дека земјата влезе во својата прва рецесија од 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави