Search

Хрватска ќе плаќа надомест за скратеното работно време

Хрватското здружение на работодавачи и Владата водат интензивни преговори за новата програма за помош на економијата и зачувување на работни места откако ќе се искористат средства од постојниот пакет државни стимулации, а со цел компаниите да ја преживеат кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Според весникот „Јутарњи лист”, во тек се преговори за воведување државно финансирање за скратеното работно време, по примерот на германската програма за државен надомест за скратено работно време, Курцарбајт, која се покажа како исклучително ефикасна во заштитата на пазарот на трудот за време на кризата во 2009 година.

Детали за новите мерки на хрватската Влада би можеле да бидат познати уште оваа недела, се вели во написот.

Треба да знаете
Последни објави