Search

Хрватска со најголем пад на побарувачката на автомобили меѓу земјите на ЕУ

Пандемијата на коронавирусот ја намали побарувачката за нови автомобили во Европа за една третина во првите осум месеци од годинава, додека во Хрватска е речиси преполовена, покажуваат податоците на здружението на производители АЦЕА.

Во периодот од јануари до август, регистрирани се вкупно 6,12 милиони нови автомобили во 26 земји на ЕУ (со исклучок на Малта), 32 проценти помалку отколку во првите осум месеци од 2019 година.

Побарувачката на нови автомобили падна на сите четири водечки европски пазари, најмногу во Шпанија и Италија, за 40,6, односно 38,9 проценти. Следува Франција со пад на бројот на регистрирани нови автомобили за 38,9 проценти, и Германија каде потона за 28,8 проценти.

Според податоците на АЦЕА, во Хрватска се регистрирани 25.151 нови автомобили во периодот од јануари до август, што претставува пад од 47,9 проценти во споредба со истиот период минатата годинанајголем меѓу земјите на ЕУ.

Во Полска, најголемиот пазар на автомобили во групата „нова” Европа, регистрирани се 251 илјади нови автомобили, 31,6 отсто помалку отколку во истиот период минатата година.

Само во август побарувачката на нови автомобили во 26 земји на ЕУ паднала за 18,9 проценти, со регистрирани само 769.525 нови автомобили. Тој пад е подлабок отколку во јули кога падна за 5,7 проценти, со регистрирани малку повеќе од милион нови автомобили.

Треба да знаете
Последни објави