Search

Хрватска планира спроведување на популациска студија за Ковид 19

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак најави дека земјата ќе спроведе истражување на целокупната популација за да се утврди кој сè бил заразен со коронавирус, а можеби не пројавил симптоми.

– Пред неколку дена почнавме преглед на литературата за да видиме како тоа изгледа во другите земји. Знаеме сигурно за крузерот Јокохама, каде имаше многу позитивни случаи, а процентот на оние без симптоми беше многу висок, но тоа се посебни услови. Популациски студии никој не почнал, но ние сигурно ќе го направиме тоа. Може да се спроведе на два начина: или се зема една цела покраина и се прегледуваат луѓето или ќе се направи т.н. сентинел студија, кога се земаат сите пациенти од еден лекар по општа медицина и се направи профил, појасни Цапак за РТЛ.

Во разговорот, тој детално одговори и на едно од најчестите прашања на граѓаните, а тоа е – кој и по кои критериуми ќе биде тестиран.

Тој потсети дека од самиот почеток, Хрватска ги следи насоките на Европскиот центар за контрола на болести и СЗО.

– Прво беше кажано да се тестираат лица кои биле во контакт со потврден позитивен случај или престојувале во места каде имало жаришта и покажуваат симптоми.  Подоцна, ЕЦДЦ ги смени насоките и препорача да се тестира секое лице со тешка респираторна болест, за пред десетина дена,, да побараат да се тестира секоја акутна респираторна болест за која не може да се утврди друга причина, појасни Цапак. Тој вели дека може да се случи грешка во проценката, посебно кога станува збор за дијагноза по телефон, како што се прави сега, но затоа пациентот секогаш може да повика друг лекар или епидемиолог.

Треба да знаете
Последни објави