Search

Хрватска освои само бод против Азербејџан

Азербејџан направи изненадување и одигра 1-1 на домашен терен со финалистот од последното СП, Хрватска во квалификациски натпревар од групата „Е” за ЕП 2020 година.

„Коцкастите” го отворија резултатот уште на стартот, по голот на Лука Модриќ од белата точка. Избраниците на Златко Далиќ имаа иницијатива, но не постигнаа втор гол за да го запечатат својот успех и беа казнети по паузата. Тамкин Калилзаде (72) израмни по асистенцијата на Сејдаев, а до крајот Азербејџанците успеаја да ги задржат Хрватите и извлекоа бод.

По ремито, Хрватска останува на врвот со 10 бода од 5 одиграни натпревари, а подоцна вечерва Унгарија ја пречекува Словачка и, доколку биде успешна, може да ги смени на врвот.

„Азерите” остануваат на дното по првиот освоен поен во овие квалификации.

Треба да знаете
Последни објави