Search

Хрватска не е казнета за незаконско враќање мигранти

„Хјуман рајтс воч” во својот годишен извештај за состојбата со човековите права нагласува дека, Хрватска и покрај тоа што ги повредила и нелегално враќала мигранти во БиХ и Србија, кршејќи закон за бегалци и права на ЕУ, тие не ги сносат последиците на европските институции.

„И покрај веродостојните извештаи во текот на годината за нелегалното и насилното враќање на мигрантите во Босна и Србија, кршејќи го законот за бегалци и човекови права на ЕУ, Хрватска не ги сноси последиците од институциите на ЕУ”, напиша ХРВ во извештајот за човекови права во Хрватска.

Организацијата додаде и дека хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за швајцарската телевизија „ја потврди повремената употреба на сила, но подоцна ги повлече своите коментари”.

Според хрватското Министерство за внатрешни работи, пренесено од HRW, во првите осум месеци од 2019 година имало 11.813 нови мигранти и баратели на азил, главно од Авганистан, Пакистан и Турција, што е за 8.600 повеќе отколку во истиот период во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави