Search

Хрватска наскоро ќе почне да лекува пациенти со Ковид-19 со крвна плазма

Во Хрватска наскоро ќе почне третман на пациенти со Ковид-19 со крвна плазма од лица кои го прележале вирусот, пишува „Вечерњи лист“.

Следната недела ќе започне собирањето крв од волонтери кои биле излечени од коронавирусот и исполнуваат одредени критериуми слични на оние за редовно доброволно дарување на крв.

„Ние сме подготвени и се надевам деќа ќе започнеме некаде на 15 јули, а донаторите мора да имаат потврден негативен тест за Ковид-19 и да се чувствуваат добро и да немаат некои хронични заболувања“, изјави Ирена Јукиќ, директорка на хрватскиот Институт за трансфузиона медицина.

Во Македонија веќе се применува овој третман кај пациенти заболени од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави