Search

Македонија не се најде на првичниот список со држави чии граѓани ќе можат да летуваат во Хрватска без посебни процедури

Хрватската влада денеска одржува седница на која меѓу другото ќе биде составена и листата со земји чии граѓани ќе можат без тестови и карантини да одат на одмор на Јадранското Море. На тој список не се наоѓа Македонија чии граѓани би можеле на почетокот на туристичката сезона по пандемијата со коронавирусот би можеле да заминат на одмор во Хрватска без посебни здравстевени процедури.

-Го правиме списокот со земји за кои ги отовораме границите. Се отвора туризмот. Тоа ќе се однесува за граѓаните на Словенија, Германија, Австрија, Полска, Чешка, Унгарија, Естонија, Летонија Литванија. Оваа листа е направена во скалд со епидемиолошката ситуација во тие земји, како ќе се подбрува ситуацијата така ќе ја прошируваме листата со земји од каде граѓаните ќе можат непречено да доаѓаат во Хрватска на одмор, соопшти Вели Берош, министерот за здравје во Хрватска.

Според него бројот на новзаразените од Ковид 19 бележи опаѓање.

-По бројот на заразени и умерени од короанвирусот Хрватска се наоѓа меѓу земјите кои најдобро се справи со коронавирусот во Европа. Откако ги олеснивме мерките имаме мал број на новоинфицирани. Непочитувањето на препорачаните мерки за самозаштита може да отвори нови жаришта на инфекцијата – додава Берош.

И министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ потенцира дека ситуацијата во земјата со коронавирусот е задоволителна поради што доаѓа до повлекување на мерките со кои земјата се справувала со пандемијата. Според него граѓаните од државите кои се наоѓаат на списокот за слободен влез во Хрватска нема да мораат да ги наведуваат причините за посетата на земјата. Но, ќе мораат да остават свој контакт телефон кај граничните служби доколку има потреба да бидат брзо лоцирани.

Треба да знаете
Последни објави