Search

Хрватска и се истури на Канада

Актуелниот вицепрвак Хрватска  во 2. коло од групата против Канада со резултаски пресврт ја оствари првата победа (4:1) на 22. Светско фудбалско првенство кое се одржува во Катар и направи исчекор кон пласман во осминафиналето.

Натпреварот почна изненадувачки за Хрватска чија мрежа Канада ја затресе  по нецела минута од почетокот на натпреварот. Алфонсо Дејвис го постигна најбрзиот гол на Мундијалот, по само 68 секунди игра и само ги налути „коцкестите“. Им беа потребни 25 минути да се  вратат во игра, и со погодоците на Крамариќ и Ливаја на одмор заминаа со предност. Крамариќ со својот втор гол во вторто полувреме и на Мајер во 90+4-та ја запечатија убедливата победа.

По изненадувачката победа на Мароко против Белгија со 2:0, Хрватска и Мароко сега имаат по 4 бода, Белгија е трета со три бода, а Канада последна без бод со двата порази пред последното коло в четврток во кое Хрватска игра со Белгија, а Мароко со Канада.

На „коцкестите“ им треба само бод за верификација на осминафиналето, а исто толку и на Мароко, ако Белгијците не победат.

Треба да знаете
Последни објави