Search

Хрватска изброи 60 новозаразени лица од коронавирусот

Во Хрвтаска се регистирирани 60 ново заразени лица од коронавирусот, па вкупниот број на инфицирани изнесува 1.282. Од вчера има починато две лица и вкунпно се 18 – соопшти министерот за здравство на Хрватска, на редовната прес конференција Вили Берош.

Покрај овие бројки Берош соопшти дека има инфицирани и 80 медицински сестри и техничари.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ најви отворање на продавници, но предупреди дека сите и понатаму мора да ги почитуваат препораките кои се пропишани во битката со короанвирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави