Search

Хрватска забеле, снегот направи проблем во сообраќајот

Падна првиот снег во Загреб! Хрватската престолнина обеле и се соочи со вистинските зимски услови. Снегот се најавува дека ќе паѓа до четврток наутро. Повеќе обилни врнежи се забележани во Лика и Горски Котар, но локалното население не е многу среќно бидејќи поголемите врнежи од снег предизвикаа проблеми во сообраќајот.

Хрватските автопатишта (ХАЦ) ги повика возачите да го прилагодат возењето на снежните услови на автопатите, особено предупредувајќи да не се престигнува затоа што патот може да биде не секогаш “чист”.

Треба да знаете
Последни објави