Search

Хрватска евидентира 71 лице заразено до Ковид 19

Во Хрватска се евидентирани 71 лице на новозаразени од коронавирусот во последните 24 часа. Активни случаи има 754, а починал еден пациент, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Вкупниот број на починати лица од почетокот на пандемијата е 141.

На болничко лекување се наоѓаат 132 лица од кои осум се приклучени на респираторни машини. Просечната старост на болните изнесува 46,9 години.

Од 25 февруари кога е регистриран првиот случај на заразата во Хрватска до денеска се тестирани вкупно 115.722 лица, а вкупниот број на инфицирани е 4.993.

.

Треба да знаете
Последни објави