Search

Хрватска евидентира нови 232 инфицирани од коронавирусот

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 232 новозаболени лица и четири починати пациенти, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Тестирани се 5.351 лице.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 1.200.

Меѓу нив, 266 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска заразени се 15.572 лица, од кои 261 починаа. Вкупно закрепнаа 14.111 лица.

Треба да знаете
Последни објави