Search

Хрватска ги отвори ноќните клубови – забранети се подиумите за танц, на гостите ќе им се мери температура

Во  Хрватска од неодамна е дозволена работата на ноќните клубови, а хрватскиот Завод за јавно здравје денеска го објави протколот за нивна работа.

Подиумите за танцување се забранети. Во просторот наменет за играње, потребно е да се постават маси, на оддалеченост од 1,5 метар.

Во ноќниот клуб се препорачува да се одржи физичко растојание помеѓу лицата (публиката, изведувачите и персоналот) од 1,5 метар. Се препорачува растојание од два метри помеѓу изведувачите и музичарите со дувачки инструменти. Се препорачува растојание од четири метри помеѓу публиката и изведувачите на сцената.

Се препорачува носење на заштитни маски во затворен простор. На посетителите и персоналот ќе им се мери телесната температура пред да влезат во клубот.

Масите треба да бидат поставени на растојание од 1,5 метар. Се препорачува, доколку постои можност, работата на клубот да се организира на отворено.

На влезот во клубот или веднаш по влезот на видливо место потребно е да се стави известување за обврската за почитување на општите мерки за хигиена и за физичко растојание.

Неопходно е да се избегне допирање на устата, носот, очите и лицето со валкани раце. Рацете мора редовно да се мијат со сапун и вода и да се дезинфицираат.

При кашлање и кивање, устата и носот мора да се прекриени со лактот или марамче, кое потоа треба да се фрли во канта за отпадоци со капак и да се дезинфицираат рацете.

Треба да знаете
Последни објави